Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО НЕКОЛКУ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ: Сите ученици се безбедно евакуирани (ОБНОВЕНО)

ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО НЕКОЛКУ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ: Сите ученици се безбедно евакуирани (ОБНОВЕНО)

Дојава за бомба утринава пристигнала на и-меил адресата на основото училиште „Григор Прличев“ во скопска Железара. 

Учениците и наставниот кадар беа евакуирани, а полицијата била веднаш повикана.

Проверката, според информации од надлежните е веќе завршена, дојавата за бомба која утринава пристигнала за среќа е лажна. 

Дојава за бомба имало и во неколку други училишта во Аеродром, Бутел и Центар како и во едно средно училишта. Се чека официјална потврда од надлежните.

Потврда за заканите испратени до училишта во нашата земја пристигна и од МВР.

- Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во текот на денот - нагласуваат од министерството

Фото: Официјална фејсбук страница на училиштето

Слично

Поврзани вести