ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25
Европската централна банка одлучи од 18 септември да ја намали основната каматна стапка што ја регулира монетарната политика за 0,25 процентни поени, објави самата банка. Оваа дисконтна стапка за депозити на тој начин ќе падне на ниво од 3,5 отсто.
Каматната стапка на операциите за главно рефинансирање ќе се намали на 3,65 отсто, додека на маргиналните кредитни средства ќе се намали на 3,90 отсто, соопшти ЕЦБ.
Проекциите на Европската централна банка се дека просечната инфлација во 2024 година ќе биде 2,5 отсто, во 2025 година ќе биде 2,2 отсто, а во 2026 година ќе биде уште помала – 1,9 отсто.
Кога станува збор за базичната инфлација, ЕЦБ малку ги ревидираше своите проекции за оваа и следната година нагоре, бидејќи услугите станаа поскапи од очекуваното. Сепак, се очекува пад на основната инфлација, од 2,9 отсто оваа година на 2,3 отсто во 2025 година и два отсто во 2026 година.
Ова е второ намалување на каматните стапки на ЕЦБ, што беше и очекуван потег.