Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕТАЛИ ЗА ГОЛЕМАТА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, уапсени четири лица осомничени за убиство, по двајца се уште се трага

ДЕТАЛИ ЗА ГОЛЕМАТА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, уапсени четири лица осомничени за убиство, по двајца се уште се трага

Министерството за внатрешни работи излезе со детали по големата акција спроведена заедно со специјалната единица „Тигар“ во која се уапсени четири лица од Скопје. 

Според она што го соопшти МВР во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси на шест локации во домови на лица кои се осомничени за убиство при што кај нив биле откриени и одземени и оружје. 

Покрај уапсените има уште две лица по кои надлежните се уште трагаат и за кои е распишана потерница. 

- На 10.11.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено се извршени претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што лишени од слобода се четири лица, и тоа И.А.(31), Н.А.(20), А.Р.(27) и Б.Ш.(40), сите од Скопје - истакнуваат од МВР во соопштението. 

Додаваат дека при претресите извршени кај И.А. во с.Визбегово, скопско, кај Г.М.(31), кај А.Р. и кај Б.З.(31), тројцата на подрачјето на Чаир, како и кај Н.А. на подрачјето на Бит Пазар и кај Б.Ш. на подрачјето на Аеродром, биле пронајдени и одземени пиштол и рамка со 14 куршуми, пиштол „Астра“ калибар 6,35 мм и рамка со 5 куршуми, пиштол „Смит и Весон“ калибар 9 мм и 2 рамки со 32 куршуми, пиштол „глок“ калибар 9 мм и рамка со 17 куршуми, дрон со мемориска картичка и контролор за летање и други предмети поврзани со кривични дела. 

- Четирите лица се приведени во полициска станица, а за Г.Б. и Б.З. е пуштен централен распис. Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следуваат поднесоци - пишуваат од МВР.


Слично

Поврзани вести