ДАНЕЛА ГО ПОФАЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ: Конечно некој се охрабри да ги руши мафијашките дивоградби
Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, синоќа го пофали градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, за најавата дека ќе руши дивоградба во Вибегово.
„Еве да го пофалам Дарко од Бутел за акцијата, конечно некој се охрабри да ги руши мафијашките градби.
Сепак мислам треба да го консултира шефот Мицковски, да не му се лути за рушењето, бидејќи неговата филозофија во животот е да гради, не да урива дивоградби.
И дур го консултира за рушењето, нека го потсети за оние 150 нелегални згради во Чаир, градени со пари од дрога и оружје“, објави таа.
Слично
