ЦУК НА ВЕЖБИ ЗАЕДНО СО БУГАРСКИТЕ СИЛИ: Симулациската вежба „РОДОП 2023“
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, присуствуваше на симулациската вежба „РОДОП 2023" , во организација на Дирекцијата за заштита и спасување, Општина
Берово и Цивилната заштита на Република Бугарија.
На симулациската вежба според сценариото на вежбата се реализираше целодневна вежбовна акција по координацијата почната од ЦУК, при забележување на пожар, информирање на ТППЕ Берово, ОВР Берово, ПОЗС- ДЗС, ЦУК Берово.
Активирање на Општинскиот штаб како и превземање на мерки од страна на Општинскиот штаб и волонтери за гасење пожар на отворен простор на Општина Берово, од пожарникарите од ТППЕ Берово, Брзата помош од Здравствен дом Берово, ДПД Кочани и Пехчево, Дирекцијата за заштита и спасување и од Цивилната заштита на Република Бугарија.
Вежбата се реализира на локација во село Мачево, на местото викано Вчков Рид Крвавел помеѓу котите 922 и 978 во Општина Берово.
ФОТО: ЦУК
