Бирократијата да се намали, доколку сакаме странци да отвораат стартапи
Македонија атрактивна за странците кои
сакаат да отворат стартап компани со примарна дејност иновации во информатичкиот
сектор. Странските државјани доколку сакаат да добијат дозвола за престој и
работа тие наидуваат на проблематични бирократски процедури, токму за таа тема
разговараме со Дејан Алексов, адвокат и престедател на Стартап Македонија.
Какви услови треба да исполнат странските државјани кои сакаат да отворат старт ап компании во Македонија?
Дејан Алексов:Странските државјани отвораат компании под истите услови како и македонските граѓани. Постапката за отворање е потполно иста, односно се бара истата документација и важат истите правила.
Регистрирањето на компанија е итна постапка и Решението за упис на основање од Централен Регистар се издава во рок од еден до два дена.
Меѓутоа, постапката не се завршува само со регистрацијата. Откако ќе се отвори компанијата, потребно е да се активира доделената банкарска сметка, која што постапка исто така одзема 1-2 дена. Сетирањето на компанијата опфаќа и упис на влогот на странецот во регистарот на странски директни инвестиции.
Во секој случај, основање на компанија од страна на странците е добро регулирана и лесно применлива во пракса, па така не се наидува не некои чести проблеми.
Колку е важна дозволата за престој за странците, што сѐ треба да поминат како процедури?
Дејан Алексов:За странците кои немаат регулирано престој важи правилото “3 in, 3 out” односно можат да престојуваат најмногу 3 месеци во период од 6 месеци. Оние кои што сакаат да престојуваат подолго во земјата, потребно е да имаат законски предвиден основ кој дозволува да се добие привремен престој. Има повеќе основи кои дозволуваат привремен престој, меѓутоа бидејќи сме во темата поврзана со компании, најчест основ за престој е желбата за вработување во истата компанија.
За да се добие привремен престој, потребно е да се добие дозвола за работа.
Овие две постапки одат заедно. Како и секоја друга постапка, потребно е да се приберат повеќе документи со цел издавање на дозволите. Во процесот на прибирање на документација нема некои поголеми проблеми, освен во еден документ кој што се бара за добивање на престојот а тоа е “Договор за закуп на стан – заверен кај Нотар”. Овој документ служи за евиденција на живеалиштето на странецот во МВР.
Проблемот се состои во следното:
Голем дел од становите тука немаат „чисти имотни листови”. Ова значи дека, кај добар дел од становите се уште не се спроведени оставински постапки и имотот е на некој починат од семејството, оптоварени се со банкарски хипотеки (за што треба одобрение од банката), имаат само купопродажни договори од минатото кои уште не можат да се спроведат во Катастар поради некои управни застанати процедури итн.
Па во ваков случај нотарите не смеат да го заверат овој Договор.
Што значи ова во пракса?
Дејан Алексов:Ова значи дека ако странецот нашол стан и живее во него, доколку не е средено околу имотниот лист, треба да се исели и да бара нов стан. Потсетување дека овој документ е потребен само за да се евидентира живеалиштето.
Мое прашање е зошто толку комплицирана постапка за едноставна цел? Доволно е странецот или сопственикот на станот да изјави дека таму ќе се престојува и толку.
Освен формално-правната пречка околу закупот, треба да се потенцираат и огромните редици и гужви во одделението за странци каде се чека по неколку саати за да се поднесат документи или странците да се сликаат за престој. (Има само едно одделение за цело Скопје, со приемни денови само претпладне во вторник и четврток).
Затоа би сакал да предложам, доколку сакаме да привлекуваме странци и нови инвестиции, треба малку да поработиме на ваквите “ситници”. За пример можат да се земат други европски земји (Италија, Естонија) каде истите постапки се навистина поедноставени.
