Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАШ БЕВМЕ ЗАТРУПАНИ: Скопјани за овие неколку дена произвеле 1.130 тони отпад!

БАШ БЕВМЕ ЗАТРУПАНИ: Скопјани за овие неколку дена произвеле 1.130 тони отпад!

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа засилени активности во чиишто рамки беа подигнати и транспортирани вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства. Отстранети се и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

"Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на градот Скопје според стандардната динамика, утврдена со Оперативната програма за работа на Претпријатието. 

Воедно,продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини.",велат од Комунална хигиена.

Слично

Поврзани вести