АВТОМОБИЛИТЕ НА ТРОТОАР, ОХРИЃАНИ ПО УЛИЦА - Граѓаните револтирани: „која полиција, какви бакрачи“
„Прописно паркирани на тротоар!“ - со овој наслов загрижен член на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ објавил фотографии од автомобили густо паркирани на тротоар во Охрид.
Неправилното паркирање е најчеста причина за објава во оваа група, и иако постовите предизвикуваат лавина реакции кај граѓаните, непочитувањето на правилата и понатаму се применува, па дури и како да станува навика кај возачите.
- “Прописно” паркирани на тротоар!
Веднаш покрај Христо Узунов - најголемото школо во Охрид и околината!
Старци, мајки со колички како и стотици деца преку цела недела се приморани да одат по патот по кој што се вози 80-90 km/h!
Срам се нема ни за леб! - напишал загрижен граѓанин кој го поставил постот во групата.
Неговата објава предизвика бројни реакции. Граѓаните револтирано коментираа како не се почитуват правилата, но и дека службите не ги собираат автомобилите, па затоа овие ситуации се повторуваат.

Во истата група честопати се објавуваат слики со возила непрописно паркирани, како на тротоари така и на зелена површина.
Но, за да биде парадоксот поголем, во нашата „чудесна“ Македонија, несовесните возачи почнаа да си возат и по велосипедските патеки.
Еден таков случај за кој објави и Фактор беше споделен во истата Фејсбук група пред кратко време.
Возачот покажа дрско непочитување на правилата во сообраќајот и со својот автомобил возеше по пелосипедската патека на кејот на реката „Вардар“ во строгиот ценар на Скопје.
Снимка од автомобилот кој „пичи“ по велосипедската патека можете да го видите на следниов линк.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
