АРТАН ГРУБИ СО ВИБЕР ПОРАКА ДО ДИРЕКТОРИТЕ НА ДУИ: Не прифаќајте никакво решение од министерот во заминување - Меџити
Откако техничкиот премиер Талат Џафери вчера достави предлог за разрешување на Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација, Фактор дојде до вибер преписка помеѓу Артан Груби и директорите на ДУИ, во која Груби им вели да не прифаќаат никакво решение од министерот за здравство во заминување, Меџити.
„Почитувани, ниту еден наш директор за здравство НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот“ се вели во пораката на Груби.
Фактор ја поседува комуникацијата.
Инаку, барањето за смена на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозоција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај АА треба да настапува самостојно.
