АД ЕЛЕМ секојдневно ќе објавува податоци за нивото на Охридско Езеро
АД „Електрани на Македонија“ на својата официјална веб страна почна да ги објавува податоците за нивото на Охридско Езеро.
На следниот линк http://www.elem.com.mk/?p=6755 посетителите на корпоративната страна на АД ЕЛЕМ ќе имаат можност секојдневно да го следат нивото на езерото, а покрај моменталната состојба, се поставени и податоци за минималната и за максималната кота.
Објавените податоци се според сопствените мерења на компанијата, што АД ЕЛЕМ - Подружница ХЕС Црн Дрим ги врши со водомерна летва во близина на градското пливалиште во Струга. Новите содржини на веб страната се во правец на обезбедување поголема транспарентност во работењето , како и во интерес на засегнатата јавност.
Слично
