Ѕверски студ во Русија! Температурите паѓаат до -40 степени
Неколку руски региони се најдоа во центарот на сериозни мразови. Големи ладни циклони го зафатиле Централниот федерален округ, Урал и Сибир. Во реонот на Челабинск во вторникот навечер температурата падна до -30 степени, соопштува „tvzvezda.ru“.
Според временската прогноза заладувањето во регионот на Урал ќе продолжи и во наредните денови, а температурата се очекува да падне до -40 степени.
Аномалиите и снежни бури предизвикаа сериозно тешка положба на патот Орск-Оренбург на 4 јануари. Поради ниската видливост и наноси на патот се формирал 37-километрски сообраќаен метеж. Како резултат на тоа под снежните наноси биле парализирани стотици лица. Спасувачите евакуирале 84 лица, осум од нив биле хоспитализирани со мраз или хипотермија.
По заладувањето спасувачите во регионот се во целосна подготвеност за прва помош. Локалните жители се замолуваат да останат во затворени простории и да се воздржат од риболов на мраз и патувања во планината, каде што времето ќе биде уште потешко.
Невообичаени мразови се регистрирани и во руската престолнина Москва. во вторникот навечер бил најстудениот ден за оваа зима во градот. Тогаш живата покажувала 20 степени под нулата, а во петок веќе се очекува температурите да паднат до -21 степени.
