Путин потпиша указ за зголемување на руската армија
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за зголемување на руската армија на 2,4 милиони луѓе.
Тој денеска потпиша указ со кој вкупниот број на припадници и вработени во руските вооружени сили се зголемува на 2.426.130 лица, од кои 1.535.000 се активен воен персонал. Новата одлука ќе стапи на сила на 1 август.
Со овој указ, вкупната бројка на персонал во руската армија се зголемува за 27.000 луѓе, додека бројот на активни војници се зголемува за 25.000 во споредба со претходната одлука. Минатиот месец, поточно на 12 јуни, рускиот претседател веќе го имаше зголемено вкупниот број на припадници на 2.399.130 лица, вклучувајќи 1.510.000 војници.
Претседателот на Русија изјави дека еден од главните приоритети на државниот буџет во следните три години ќе биде понатамошното зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.
Според рускиот претседател Владимир Путин, инвестициите во одбранбениот сектор остануваат клучен дел од државната политика во сегашната безбедносна средина.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
foto printskrin youtube
