Zurich Insurance со 1,1 милијарди долари профит за третиот квартал
Швајцарскиот осигурител Zurich Insurance Group објави 1.103 милијарди долари нето добивка во третиот квартал - при прелиминарни очекувања на аналитичарите за позитивен резултат во износ од 1.048 милијарди долари , информира Reuters.
Акциите на компанијата поскапеа со над 2,5 % денеска. Осигурителот беше објавил 27% пад на нето добивката во вториот квартал до 789 милиони долари поради поплавите во Европа , торнадото во САД и најнискиот инвестициски принос.
Резултатите за третиот квартал се првите објавени, откако истрагата за смртта на поранешниот финансиски директор Пјер Вотие ја ослободи компанијата. Резултатите од две независни истраги спроведени од швајцарскиот финансиски регулаторен орган , покажаа дека " нема индикации Пјер Вотие да бил подложен на преголем притисок ", објавија од компанијата , откако истрагата беше завршени во почетокот на ноември .
Вотие почина во август , а тогашниот претседател на компанијата Јозеф Акерман беше обвинет дека го ставил под преголем притисок . Акерман ги отфрли обвинувањата , но поднесе оставка неколку дена потоа .
Слично
