Zurich Insurance може да објави 50% скок на профитот
Најголемиот швајцарски осигурител - Zurich Insurance Group AG , може да објави 50% скок на профитот за третиот квартал , откако отпишувањето на средства поврзани со активностите на компанијата во Германија , влијаеше на нејзините финансиски резултати за минатата година.
Профитот на осигурителот веројатно скокнал до 1,01 милијарди долари во споредба со 672 милиони долари позитивен резултат пред една година, според аналитичарите , кои учествувале во истражувањето на Bloomberg . Компанијата ќе ги објави кварталните резултати утре .
Zurich Insurance бара начини да ја врати довербата на инвеститорите , откако изненадувачкиот отпис на средства за 550 милиони долари , поврзани со вкупно осигурување во Германија , го намали профитот на компанијата минатата година. Во август самоубиството на главниот финансиски директор Пјер Вотие пак предизвика заминувањето на претседателот на компанијата Јозеф Акерман , што предизвика загриженост околу финансиската состојба на осигурителот.
Оперативната добивка на компанијата за третиот квартал најверојатно се зголеми до 1.2 милијарди долари во споредба со 998 милиони долари пред тоа , според прогнозите на аналитичарите . Акциите на Zurich Insurance поскапеле за 2,9% од почетокот на годината , што ја одредува пазарната вредност на компанијата од 37.1 милијарди франци .
Слично
