Економија, финансии, бизнис

Контакт

Zurich Insurance ќе инвестира во борбата со глобалното затоплување

Zurich Insurance ќе инвестира во борбата со глобалното затоплување
Zurich Insurance ќе инвестира 1 милијарда долари во борбата против климатските промени , информира CNN . Швајцарската група за финансиски услуги планира да инвестира околу 0,5 % од своето портфолио во вредност од 200 милијарди долари во зелени обврзници издадени од Светската банка и други институции за поддршка на одржлив раст и развој , без да се жртвува финансиска профитабилност . " Ова е прв чекор , " изјавил портпаролот на компанијата . " Zurich ќе размисли и за понатамошни инвестиции , исто така, во зелени обврзници , кои сепак не се деноминирани во долари , откако ќе ја оцени својата почетна инвестиција". Овој тип инвестиции стануваат се повеќе популарни и меѓу институциите , но и меѓу индивидуалните инвеститори кои сакаат да направат добро дело и пари во исто време . Според JP Morgan, инвеститорите можат да  насочат 9 милијарди долари во слични инвестиции оваа година . Со оваа своја инвестиција Zurich ќе стане најголем носител на зелени обврзници , деноминирани во долари , контролирајќи околу 10 % од светскиот пазар. Како глобален осигурител со присуство на многу пазари Zurich е директно изложена на последиците од климатските промени и интензивната употреба на ограничените природни ресурси . Природните непогоди како поплави и тајфуни , предизвикаа 76 милијарди долари осигурителни загуби во Источна Азија во последните три децении , оценува Munich Re .
Слично

Поврзани вести