Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жртвите во нападот во Норвешка сепак не биле убиени со лак и стрела

Жртвите во нападот во Норвешка сепак не биле убиени со лак и стрела

Норвешката полиција соопшти дека жртвите во нападот кој се случи неодамна сепак не биле убиени со лак и стрела. 

Објаснуваат  дека, иако лак и стрела се користени непосредно пред нападот, напаѓачот сепак ги фрлил пред да ги убие луѓето. Пет лица беа убиени минатата среда во Консгберг близу главниот град Осло, а најмалку тројца беа тешко ранети. Еспен Андерсен Братен е уапсен кратко време по нападот и ги призна убиствата. Нему му е одреден притвор од четири недели, од кои две во самица и му беше забранета секаква комуникација. Данскиот државјанин (37) е обвинет за три убиства и пет обиди за убиство. Полицијата претходно објави дека е можно да станува збор за психички нестабилна личност.

Слично

Поврзани вести