ЖРТВИ ВО КУРСК: Загинаа тројца цивили
Цивили денеска загинаа во рускиот регион Курск откако украинските сили извршија напад.
Украинските сили нападнаа цивили во нападот врз Курск, при што загинаа три лица, а седум други се ранети. Информацијата ја соопшти денеска гувернерот на рускиот регион, Александар Хинштајн.
„Струјата сè уште не е обновена во Рилск, град со околу 15.000 жители, на околу 50 километри од границата со Украина“, изјави гувернерот Хинштајн.
Силите на Киев нападнале енергетска трафостаница во Курск. Во исто време, руските единици за воздушна одбрана уништија 105 украински беспилотни летала во текот на ноќта, објави новинската агенција РИА, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Украинските вооружени сили денеска објавија дека во последните 24 часа спроведуваат борбени операции во рускиот регион, и покрај тоа што Москва тврди дека ја одбила украинската инвазија на Курск.
Началникот на округот Глусково во Курск, Павел Золотарјов, напиша на Телеграм дека жителите на населбите се евакуираат во побезбедни подрачја.
Украина ноќеска лансираше повеќе од сто дронови на руска територија, насочени кон Москва и нарушувајќи ја работата на десетина аеродроми, објавија руските власти.
Лани на 6 август, украинските сили упаднаа во Курск во Русија, окупираа територија и со месеци ја држеа. Сега пак сакаат да го окупираат овој дел откако беа поттиснати. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
foto EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO
