Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто жена од Азија прв ден изгубила работа во Германија?

Зошто жена од Азија прв ден изгубила работа во Германија?

Палестинска азијатка уште првиот ден изгубила работа на приправник во градско собрание, затоа што не сакала да ја симне од глава марамата, пренесува „Дејли мејл“.

Од германскиот град Лукенвалдеа, и било кажано дека ја нарушила неутралноста на работното место.

Градоначалничката Елизабет Херцог вон дер Хаиде  смета дека носењето марама покажува верски уверувања на места каде се бара неутралност.

Таа вели дека во канцелариите не допуштаат ни држење крст на ѕид.

Локален претставник на конзервативната партија, Свен Петке не се сложи со таа одлука.

Вели дека такво нешто не е предвидено во законот.  Додава дека германскиот Врховен суд не забранил таква облека.

Градоначалничката доби поддршка од антимигрантската АФД.

Оттаму велат дека градоначалничката за ваквиот став заслужува почит.

Слично

Поврзани вести