Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО ЗЕЛЕНСКИ НЕ САКА ДА ГО ПРЕДАДЕ БАХМУТ? Се отвараат ли „вратите“ кон нови офанзиви за Русите

ЗОШТО ЗЕЛЕНСКИ НЕ САКА ДА ГО ПРЕДАДЕ БАХМУТ? Се отвараат ли „вратите“ кон нови офанзиви за Русите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја образложи одлуката на украинските власти да ја продолжат одбраната на Бахмут со фактот дека по неговото заземање, руските војници ќе можат да ја продолжат офанзивата врз другите големи градови во Донбас.

Во понеделникот, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека Бахмут, каде што се водат тешки борби, е повеќе симболичен отколку стратешки. Подоцна, врховниот командант на украинските трупи Валериј Залужни се заложи за продолжување на одбранбената операција и дополнително зајакнување на украинските позиции.

- Разбираме дека по Бахмут тие (руските трупи) можат да одат понатаму. Тие можат да одат во Краматорск, можат да одат во Славјанск. По Бахмут ќе се отвори патот кон другите градови... во правец на Доњецк, изјави Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Бахмут се наоѓа во делот на ДНР контролиран од Киев досега северно од големиот град Хорливка и е важен транспортен центар за снабдување на групата украински војници во Донбас.

Дури и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека заземањето на Бахмут во источна Украина ќе им овозможи на руските сили да започнат нови офанзивни операции

Шојгу рече и дека Западот ја зголемува испораката на оружје за Украина, но нагласи и дека тоа нема да го промени текот на настаните на линијата на фронтот.

- Ослободувањето на Артемовск продолжува - рече Шојгу во телевизискиот говор, користејќи го старото советско име за Бахмут.

- Градот е важен центар за одбрана на украинските војници во Донбас. Преземањето контрола над него ќе овозможи понатамошни офанзивни дејства длабоко во украинските одбранбени линии - рече Шојгу.

Слично

Поврзани вести