Зошто Зеленски не го дава Резников?
Oлексеј Резников останува министер за одбрана на Украина. Тој вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го замолил да продолжи да ја врши функцијата.
За тоа дали очекува да продолжи како министер за одбрана во месеците што следат, Резников одговори: „Да, тоа беше одлука на мојот претседател“.
Неговото министерство го стресе скандал, откако се појавија информации дека Министерството за одбрана платило двојно или три пати повеќе од цената на храната од супермаркет за снабдување на војниците на фронтот. Еден од неговите заменици минатиот месец поднесе оставка по обвинението, кое Министерството го отфрли. Уште двајца се разрешени вчера.
Резников во вторникот именуваше тројца нови заменици, вклучително и генерал-полковник Олександр Пављук, кој накратко беше гувернер на регионот Киев за време на раните денови на руската инвазија на Украина.
НАТО одлучува за поддршка на Украина, а се очекува и одлука за тенкови за оваа земја.foto reuters
