Зошто во Баварија на институции се поставуваат крстови?
Сите владини згради во јужната германска провинција Баварија од денеска се должни да го постават христијанскиот симбол – крст, на влезните зони.
На научните и културните згради како универзитети и музеи и театри се препорачува да стават крст на влезовите.
„Крстот е основен симбол на нашиот баварски идентитет и начин на живот. Тој упатува на основните вредности како што се добротворни цели, човечко достоинство и толеранција"- изјави на прес-конференција во Баерн државниот премиер Зодер во април, кога беше објавен новиот закон.
Потоа излезе и прикова крст на ѕидот во фоајето во Баварската државна канцеларија.
Католичката црква има силно влијание во таа провинција, каде на власт се конзервативците Христијанскосоцијалниот сојуз, сестринска партија на ХДС на канцеларката Ангела Меркел.
