Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Украина ги гаѓа со дронови магацините на „рускиот Амазон“?

Зошто Украина ги гаѓа со дронови магацините на „рускиот Амазон“?

Украина уништи уште два големи магацини во сопственост на најголемата руска онлајн продавница Wildberries.

Пожарите избувнаа во магацини на југот на Русија, во близина на Краснодар и во Ставрополската област.

Ова е продолжение на серијата напади во кои најголемите магацини во близина на Москва и во Тамбовската област веќе се уништени.

Вкупната штета се проценува на 150 до 230 милијарди рубли, што е околу две милијарди долари.

Wildberries е основана во 2004 година и се смета за руски еквивалент на Амазон.

Компанијата контролира повеќе од 40 проценти од малопродажниот пазар, а годишниот промет надминува 30 милијарди долари.

Уништувањето на магацинот им нанесе сериозен удар на илјадници мали и средни претприемачи кои работат преку платформата, пишува Киев Пост.

Руските интернет форуми и социјалните мрежи се полни со најави од сопственици на мали и средни бизниси кои изгубија стока во вредност од стотици милиони долари во уништените магацини. Некои останаа без целиот свој имот.

Слично

Поврзани вести