Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Трамп се откажа од таксата од 20 отсто за бродовите кои ќе минуваат во Ормутскиот теснец?

Зошто Трамп се откажа од таксата од 20 отсто за бродовите кои ќе минуваат во Ормутскиот теснец?

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп се откажа од таксата од 20 отсто за бродовите кои ќе минуваат во Ормутскиот теснец. 

Трамп одлучи да го повлече овој предлог. Како што пренесуваат светските медиуми, тој појасни дека безбедносната компензација за САД ќе биде заменета со големи трговски и инвестициски договори кои земјите од Персискиот Залив ветиле дека ќе ги преземат кон Вашингтон.

Американскиот претседател испрати јасна порака дека клучниот поморски премин останува слободен за меѓународен транспорт, со исклучок на секој брод поврзан со властите во Техеран. Изразувајќи благодарност до американските трупи за заштитата на овој стратешки коридор, тој ги соопшти новите одлуки во јавноста.

„Ормутскиот теснец е отворен за сите бродови освен за Иран – а тоа е поради нивното лажливо, насилно, злонамерно раководство, кое ги води по пат на целосно уништување. Затоа, ќе имаме целосна блокада, но само за бродови што доаѓаат од иранските пристаништа или носат нешто поврзано со ирански товар. Врз основа на многу продуктивни разговори со раководството на Блискиот Исток, решив да ја заменам американската компензација од 20 отсто со трговски и инвестициски договори што различните земји од Заливот ќе ги склучат со САД“, напиша Трамп.

Трамп детално ги образложи причините за воведувањето на селективната блокада и постигнатиот компромис со сојузниците од Блискиот Исток.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести