Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Трамп најави повлекување од Сирија?

Зошто Трамп најави повлекување од Сирија?

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера најави дека американските воени сили се повлекуваат од Сирија, поради, како што вели, потребата да се одбранат границите на Америка.

„Наскоро ќе се повлечеме од Сирија. Други нека го средат тоа“ – изјавил Трамп на митинг во Охајо.

Тој објасми дека на военото поле во Сирија, покрај американските воени сили и трупите на НАТО, останува само Русија која безмилосно се бори против групата „Исламска држава“. 

„Најверојатно на џихадистите ќе им олесни затоа што Американците ги оставаат на мира“ – вели Трамп.

САД потрошиле околу три милијарди долари за Блискиот Исток, а според Трамп тие пари можеле да бидат наменети за обнова на училиштата во Охајо.

Потоа, говорот го насочил кон границата меѓу Северна и Јужна Кореја и рекол дека таа граница ја чуваат 32.000 нивни војници. Толку нема ни на границата меѓу САД и Мексико, вели тој и прашува зарем не е тоа погрешно?

Слично

Поврзани вести