Зошто Трамп ги опомена Кинезите?
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја предупреди Кина да не чека до завршувањето на неговиот мандат за финализирање на кој било трговски договор. Вели дека доколку победи на претседателските избори и биде реизбран на функцијата во ноември 2020 година, исходот ќе биде да нема договор или да биде постигнат со полоши услови.
„Проблемот со тоа што чекаат… е дека, ако и кога ќе победам, договорот што ќе го добијат ќе биде многу построг од она за што во моментов преговараме… или воопшто нема да има договор“, напиша Трамп на Твитер.
Американските и кинеските власти повторно ги започнаа преговорите прекинати во мај за да се заврши долгогодишната трговска војна обележана со наметнување меѓусебни царини.
Слично
