Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто токму Крим?

Зошто токму Крим?
Крим може и да изгледа како безначајно парче земја, но стратегиската важност на полуостровот го претвораат во бојно поле меѓу Русија и Западот, пишува CNBC. Територијата, која е споредлива големина со американската држава Мериленд, е важна врска меѓу Руската Федерација, Турција и Европската унија. Макар и да е дел од Украина, источниот дел на полуостровот е во непосредна близина на Русија, што ја прави силно зависна од Москва. Со оглед на стратешката локација едвај е изненадување дека зоната постојано ги менувала  политичките позиции во текот на годините. За неа се бореле доста држави, како најпозната сепак останува Кримската војна од 1850 година, која доведе до губење на Руската империја од комбинираните сили на Франција, Отоманската империја, Британска империја, Сардиниско кралство. Кримското пристаниште Севастопол е дом на руската Црноморска флота во текот на повеќе од два века и е пресвртница за одбрана на Русија во случај на закана од Европа. Врските на пристаништето со Москва продолжуваат да се длабоки, особено поради фактот дека голем дел од локалното население се етнички Руси. Територијата станува официјално дел од Украина во 1950 година, но задржува некои автономни права, вклучувајќи и свој парламент. Силните економски и социјални врски со Кремљ се еден од главните извори на приход за регионот освен, се разбира, добро развиениот морски туризам. Според податоците од 2001 година околу 59 отсто од локалното население официјално посочуваат дека се етнички Руси. Едвај една четвртина пак се самоопределуваат како етнички Украинци. Постои, исто така, значително малцинство од Кримски Татари кои биле депортирани масовно во времето на Сталин и почнале да се враќаат во регионот по распадот на СССР. Крим е и центарот на најголемата поддршка за соборениот неодамна од претседателската функција Виктор Јанукович, кој доби најголем број гласови за време на последните украинските избори. К.К.
Слично

Поврзани вести