Зошто силниот долар не е добар за САД?
Иако тоа што американскиот долар е силен може да звучи добро, тој дава сериозни контра-ефекти за профитот на американските компании. Ситуацијата може и да се влоши дополнително, се наведува во коментарот на CNBC.
„Набљудуваме како многу од големите имиња веќе пријавија лоши ефекти од силниот долар", изјави Кејти Лин, управен директор на BK Asset Management.
„Coca-Cola веќе го почуствуваа, како и Johnson & Johnson. IBM објави пад на приходите за 3%, но кажаа и дека тие би се намалиле само за 1%, ако не беа ефектите од флуктуациите во девизните курсеви ", додаде таа.
Всушност при претставувањето на извештајот на Coca-Cola во вторникот, главниот извршен директор на компанијата Гери Фаер истакна дека на споредбена основа, влијанието на валутните промени беше негативно во однос на резултатот за оперативната добивка во кварталот во износ од 3%.
Фаер исто така, предвиде дека реципрочните „ветрови“ ќе се зајакнуваат.
„Очекуваме валутните флуктуации да одземат 4% од оперативната добивка во третиот квартал и во однос на годината како целина", истакна тој.
Индексот на доларот се зголеми за 4% оваа година. Ова претставува проблем за компаниите со меѓународна активност, бидејќи значи дека туѓата валута, која ја добиле со продажбата на своите стоки, чини помалку кога ќе биде пресметана во долари.
Лин тврди дека проблемот се продлабочува.
„Станува збор не само за поскапувањето на доларот, но и за зголемување на нестабилноста на каматите", нагласува таа.
Бидејќи доларот ја зголемува својата вредност, "некои компании се обидуваат да ја направат вистинската работа и се обидуваат да се заштитуваат", објаснува Лин која најавува поголема нестабилност на меѓународниот девизен пазар.
На инвеститорите им советува да бидат внимателни со големите меѓународни компании.
Слично
