Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто се урна хеликоптерот во Украина?

Зошто се урна хеликоптерот во Украина?

Има три можни причини за уривањето на хеликоптерот во Украина.

Се случи несреќа кога хеликоптер со полицискиот врв се урна во близина на градинка и станбена зграда во близина на Киев. Билансот е 14 загинати и 25 повредени. Украинските власти истражуваат три потенцијални причини за паѓањето на хеликоптерот при што загинаа министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот заменик Евхен Јенин и државниот секретар Јуриј Лубкович.

Билансот на жртви е ревидиран.  Во тие 25 повредени, има 11 деца, во несреќата во градот Бровари, на околу 20 километри североисточно од Киев. Не се знае дали станува збор за несреќа или е последица на војната. Советникот на Монастирски, Антон Герашченко изјави дека е отворена истрага за инцидентот. Засега нема коментар од Москва.  Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави дека истражителите се фокусирале на три можни причини за несреќата: прекршување на правилата за летање, техничка неисправност на хеликоптерот и намерни дејствија за уништување на возилото, без притоа да даде детали за третата потенцијална причина. Портпаролот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Ихнат изјави дека хеликоптерот бил Супер Пума, испорачан од Франција. Овој хеликоптер во Киев го добиле во 2019 година и не бил дел од опремата што Франција ја обезбеди откако Русија ја нападна Украина. 

Во моментот на оваа трагедија, децата и вработените биле во градинката.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести