Зошто се случи повлекувањето на руските војници од Херсон?
Русија најави дека нивните војници од украинскиот регион Херсон ќе се повлечат, но Украина уште е резервирана во својата реакција.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина ќе делува многу внимателно, без емоции, без непотребен ризик. Зеленски изразил внимателност по тврдењата на Москва дека ќе се повлече од западниот брег на реката Днепар во Херсон. Не ги открива плановите, но вели ќе се движат чекор по чекор.
„Никој едноставно не заминува ако не се чувствува силен. Непријателот не ни дава подароци, не прави гест на добра волја. Ние затоа мораме да се бориме“, рекол Зеленски.Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак денеска изјави дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“. Тој ги обвини руските војници дека сè минираат, од станови до канализација.
Рускиот министер за одбрана., Сергеј Шојгу вчера најави дека ги повлекуваат руските војници од Херсон.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
Слично
