Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто САД се повлекуваат од Блискиот Исток?

Зошто САД се повлекуваат од Блискиот Исток?

Од три земји од Блискиот Исток, САД повлекуваат ракетни системи „патриот“. 

Американската војска од овој регион ќе повлече дел од противвоздушните одбранбени системи и ракети, јавува  Вол стрит џурнал повикувајќи се на воени извори.

Иџдниот месец Пентагон ќе повлече четири ракетни системи „патриот“ од Јордан, Кувајт и Бахреин.  Во извештајот се додава дека овој потег може да биде поместувањето на фокусот од Блискиот Исток на тензиите со Кина, Русија и Иран.

Два од системите „патриот“ се наоѓаат во Кувајт, а по еден во Јордан и Бахреин. 

Овие тврдења доаѓаат во време на сѐ поголеми тензии меѓу САД и Иран, особено откако американскиот претседател Доналд Трамп реши да се повлече од нуклеарниот договор кој со блискоисточната земја беше потпишан во 2015 година.


Слично

Поврзани вести