Зошто Русија не го брои коронавирусот како причина за смрт во 60% од случаите?
Министерството за здравство на Русија одговори на извештаите во медиумите за фалсификување на бројот на починати од коронавирус.
Тие забележуваат дека нивните податоци се апсолутно отворени, но признале дека тие сметаат дека во последниот број на смртни случаи се само оние за кои тие утврдиле дека директно предизвикале компликации од коронавирусот. Ова е утврдено со обдукција.
Во изјавата дадена во средата, Москва рече дека ваквите обдукции биле извршени на секоја од починатите жртви на кои им било дијагностицирано коронавирус. Москва на тој начин тврди дека во април 639 лица починале директно од компликации.
"Во други смртни случаи, невозможно е да се стави коронавирус како причина за смрт. Во повеќе од 60% од случаите, смртта се јавува од очигледни други причини, како што се срцева слабост, рак во доцната фаза, леукемија и некои други неизлечливи болести".
Целата сторија на Машки Магазин
