Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто работниците во Данска се најсреќни?

Зошто работниците во Данска се најсреќни?
Најсреќни работници има Данска, а зад нив се работниците во Австрија и во Белгија, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар. На спроведената анкета, дури 94 отсто од работниците во Данска одговориле дека се задоволни од условите на работа. Секој деветти испитаник навел дека има најмалку четири недели платен одмор, додека другите испитаници навеле дека во нивната работа постои флексибилност околу работните часови. Најдолу на листата се наоѓа Грција, како единствена членка на ЕУ, во која помалку од половината работници се изјасниле дека се задоволни со условите за работа. Секој шести испитаник на анкетата признал дека условите за работа на неговото работно место се влошиле во последните пет години, како резултат на невработеноста и намалувањето на заработувачката во ЕУ.        
Слично

Поврзани вести