Ништо од хокеј на Црвениот плоштад, затоа што рускиот претседател Владимир Путин ги откажа новогодишните планови. Причината зошто откажа не е позната.
Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Претходно ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков објави дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна ноќ.
„
Колегите ми кажуваат дека обраќањето би можело да се одржи следната година, а има извештаи дека може да биде писмено. Не, никогаш не било писмено. Што се однесува до информациите дека е можно да се одржи следната година, секако дека е можно“, рече Песков. Но, според шефицата на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, војната на Путин ќе биде неуспешна од две главни причини – поради огромната храброст на Украинците и поради извонредното единство на меѓународната заедница. Путин ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. Но, се појавија информации дека за кратко време планирал заземање на земјата, а тоа до ден денес не се случи.
Фото Alexei Nikolsky / TASS / Profimedia