Зошто Путин регрутира војници?
Русија регрутира војници, но властите тврдат дека тоа нема врска со војната во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша одлука и напролет во руската војска ќе се регрутираат нови 134.000 војници. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека новите регрути нема да бидат испратени во воените жаришта.
„Поголемиот дел од воениот персонал во центрите за обука ќе поминат професионална обука во траење од три до пет месеци. Нагласувам, регрутите нема да бидат испратени во воените жаришта“, вели Шојгу.
Во Украина се борат и борци од Блискиот Исток. На сириски борци им се нудат 5.000 фунти месечно, за да се борат на линијата на фронтот од руска страна, во војната против Украина, објави Би-Би-Си.
Слично
