Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Путин нема да оди на погребот на Горбачов?

Зошто Путин нема да оди на погребот на Горбачов?

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов, потврди Кремљ. 

Портпаролот Дмитри Песков изјави дека работниот распоред го спречува Путин да дојде на погребот в сабота, додавајќи дека денеска му одал почит на Горбачов во болницата во која што почина во вторникот. Рускиот претседател нема да му оддаде целосна државна почит на Горбачов, како што беше во случајот со Борис Елцин.Путин изјави дека распадот на СССР била најголемата геополитичка катастрофа на 20. век.

Реформите на Горбачов помогнаа да се стави крај на Студената војна, но истовремено доведоа до растурање на Советскиот Сојуз, што Путин никогаш не го прежалил. Горбачов ќе биде испратен в сабота на јавна церемонија во Халата на столбовите во Москва, пред да биде погребан покрај својата сопруга Раиса.

Горбачов почина на 30 август на 92-годишна возраст по долго боледување, соопшти Централната клиничка болница, пренесува РИА Новости.

Слично

Поврзани вести