Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Пуџдемон одби пензија од 112.000 евра?

Зошто Пуџдемон одби пензија од 112.000 евра?

Разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон одби да прима пензија од Мадрид, која законски му следува во износ од 112.000 евра годишно, односно треба да ја добива како поранешен претседател на Каталонија. Ова го објавија светските медиуми.

Претходно, шпанскиот министер за финансии Кристобал Монторо му дал рок од 10 дена на Пуџдемон да одлучи дали ќе поднесе барање за пензија.

Според каталонскиот закон, Пуџдемон може да добие 80% од неговата плата за четири години – околу 112.000 евра годишно.

Според извори на агенцијата, Пуџдемон одбил да аплицира за пензија, бидејќи сè уште себеси се смета за лидер на Каталонија. Во исто време, неговата сепаратистичка партија размислува за преговори со шпанската држава, одбивајќи еднострана пауза.

Ова денеска го изјави генералниот координатор на партијата, Марта Паскал, цитирана од светските медиуми.

Слично

Поврзани вести