Зошто Полска ги чисти скривниците?
Во Полска се проверува состојбата на засолништата. Во државата имаат 62.000 такви објекти, пренесе телевизија Полсат њуз. Проверката на засолништата ќе трае два месеци.
Доколку не се во добра состојба, властите ќе ги подготват и адаптираат.
„Полските пожарникарски служби проверуваат во каква состојба се подземните засолништа во земјата и го проверуваат инвентарот“, изјави заменик министерот за внатрешни работи Мачеј Васик.
Инаку, Полска прими најголем дел од украинските бегалци и донираше оружје за Украина, но и бараше другите земји да го запрат походот на Русија.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки претходно изјави дека победа на Русија над Украина би била катастрофална не само за таа земја, туку и за цела Европа.фото ЕПА-ЕФЕ
Слично
