Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Пекинг сака бејби бум

Зошто Пекинг сака бејби бум

На долгорочен план економијата може да е посилна од идеологијата. И така - Кина се збогува со политиката на „едно дете на семејството“. Во иднина сите парови ќе имаат право да имаат две деца, одлучила владејачката Комунистичка партија. Конкретни детали, сепак не се споменуваат. Значи останува отворено прашањето од кога стапи во сила ова ново правило. Државните медиуми не се двоумеа да покажат фотографии на смејни родители со момчиња и девојчиња. Мотото е јасно - двојнa среќа.

Едно е јасно - овој чекор е пресвртница и се случува главно поради економски причини. На крајот на краиштата партиските функционери се состанале за да разговараат за финансиската реформа и економскиот развој во наредните години. Еден од најголемите проблеми на Народната република е фактот дека населението на работоспособна возраст се намалува драстично, додека има повеќе возрасни луѓе.

Организацијата на Обединетите нации (ОН) проценува дека бројот на Кинезите на возраст помеѓу 15 и 64 години ќе се намали за 67 милиони од 2010 година до 2030 година . Во минатата година овој процент според официјалните податоци е намален за 3,7 милиони до 9,16 милиони. Во исто време, бројот на стари лица ќе се зголеми од 110 до 210 милиони. Старите лица 2050 година ќе претставуваaт една четвртина од вкупниот број на населението, покажуваат податоците на ОН. Поинаку кажано - ќе има се помалку вработени и се повеќе и повеќе возрасни луѓе.

Затоа поради тоа раководството веќе ја ублажи политиката за едно дете на Пекинг, откако во 2012 година бројот на работоспособно население се намали за прв пат во последниве децении. Од две години паровите имаат право да имаат две деца, ако и двајцата родители се од семејства со едно дете.

Првично на двојките од крајот на 70-тите години на минатиот век им беше дозволено да имаат едно дете - а исклучоците се за етничките малцинства. На овој начин комунистичката партија сакаше енергично да го забави растот на населението. Таа го сметаше тоа за закана за економскиот развој. Со прекршување на ова правило луѓето беа заплашувани со казни, губење на работни места, а во некои случаи - од принуден абортус или стерилизација.

Се уште не е сигурно дали во Кина во иднина ќе се раѓаат значително повеќе деца отколку досега. „Многу родители едноставно ги немаат потребните средства, за да имаат повеќе деца“, изјавил професорот по демографија Гундзан за „New York Times“. Дури и по последното олеснување на правилото многу парови се откажувале од понатамошно потомство, смета тој.

Слично

Поврзани вести