Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Орбан летал над Белград?

Зошто Орбан летал над Белград?

Приватниот авион на унгарскиот премиер, Виктор Орбан иако половина месец бил паркиран во Виена одлетал во Будимпешта, а потоа во Белград и назад, ден откако Груевски објави дека бара азил во Унгарија – објавува унгарскиот портал „Атлацо“.

Луксузниот приватен лет користен од унгарската владејачка и бизнис елита беше паркиран во Виена од почетокот на октомври. Авионот регистриран како ОЕ-LEM, по неколку месеци одмор на едно место, одлета од Виена рано во вторникот и слета во Будимпешта. Набрзо потоа повторно одлета, овој пат во Белград, а потоа се врати во Будимпешта. Летот во Белград се случил ден по објавувањето на македонскиот поранешен премиер Никола Груевски дека ќе бара азил во Унгарија.

фото Атлацо

Слично

Поврзани вести