Зошто не треба да ги потценуваме ИСИС?
Според пишувањата на лондонскиот Rai al-Yaum во наредните месеци треба да очекуваме уште терористички напади.
ИСИС почека помалку од 48 часа, за да ја преземе одговорноста за ужасниот масакр минатиот месец во Ница, во која загинаа најмалку 84 лица, 10 од нив се деца.
Исламистите брзо ја презедоа одговорноста за нападот со секира од 17-годишен авганистански бегалец во воз во Германија.
Природата на двата напади покажува дека сторителите биле радикализирани, или барем „инспирирани" од ИСИС.
Екстремистите исклучително добро знаат какво влијание има секоја една „крвава порака".
Исламофобијата и подемот на крајната десница во Европа парадоксално им ја вршат работата на екстремистите, кои сакаат да го посејат семето на раздорот и на крајот да се појават граѓански конфликти.
Токму затоа треба да очекуваме уште ѕверства во следните недели и месеци, пишува британскиот весник.
