ЗОШТО НЕ НОСИТЕ ОДЕЛО? ВИЕ СТЕ НА НАЈВИСОКО НИВО ТУКА, ПОКАЖУВАТЕ НЕПОЧИТУВАЊЕ: Среде средбата Зеленски доби незгодно прашање за облеката
За време на средбата помеѓу Доналд Трамп и Володомир Зеленски, на украинскиот претседател му беше поставено прашањето зошто не носи одело.
„Зошто не носите одело? Вие сте на највисоко ниво пристигнати во оваа држава, и одбивате да облечете одело. Дали поседувате одело? , гласеше прашањето на новинарот, на што Зеленски праша „дали има проблем?“.
Новинарот му рече дека Американците имаат проблем со неговото облекување бидејќи покажува непочитување, на што Зеленски одговори дека ќе носи костум тогаш кога војната ќе заврши.
Слично
