Зошто на министрите во Англија и Австралија им е забрането да носат Apple Watch?
Министрите во Велика Британија и Австралија веќе нема да имаат право да ги носат паметните часовници на Apple во текот на седниците на владите на двете земји.
Од Телеграф посочуваат дека ваква забрана немало при управувањето на Дејвид Камерон, но таква ќе влезе во сила за членовите на кабинетот на Тереза Меј.
Властите на Островот ја презеле оваа одлука поради стравувањата дека уредите можат да се користат од руски шпиони за прислушување. Уште пред некое време, слично ограничување беше изречено за смартфоните на Apple.
Од своја страна, Австралија ја проширува својата политика за забрана на употребата на сите комуникациски уреди за време состаноците на кабинетот.
Во земјата смартфоните и сите слични „паметни“ производи се одземаат од нивните носители уште при влегување во конкретни институции.
