Зошто Молдавија го преименува својот јазик во романски?
Молдавскиот парламент го преименува молдавскиот во романски јазик.
Пратениците со просто мнозинство ја донесоа одлуката на владејачката партија Акција и солидарност.
Во Молдавија амандманите на Уставот мора да добијат двотретинско мнозинство во Парламентот, што значи 67 од вкупно 101 пратеник. Доколку, пак, претходно се предложени од Уставниот суд, доволно е и просто парламентарно мнозинство. Уставниот суд предложи промена на името на јазикот уште во 2013 година. Иницијативата за промена на името на јазикот е поднесена од владејачката партија Акција и солидарност.
Во согласност со тој предлог, терминот „молдавски јазик“ во која било граматичка форма се заменува со терминот „романски јазик“. Дополнително, зборовите „државен јазик“, „официјален јазик“ и „мајчин јазик“ се заменуваат со зборовите „романски“ доколку се однесуваат на државниот јазик на Молдавија.
Молдавските власти се плашат дека по Украина, Русија може да ја нападне нивната земја.„Најдобар начин Молдавија да се заштити од руски напад е да се заштити Украина“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли.
Молдавија, држава со само 2,5 милиони жители, има руски мировници во отцепениот регион Придњестровје.
