Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Меркел е под стрес?

Зошто Меркел е под стрес?

Блиски соработници на канцеларката Ангела Меркел се обидоа да дадат објаснување за нејзината состојба, пишува германскиот весник „Билд“: Психолошката реакција е виновна за тоа што тeлoтo на канцеларката треперело и вчера. 

Но, кога таа ќе се сконцентрира на секојдневната работа, успева да одолее на обновениот импулс, велат тие. Но, тоа помалку одговара отколку што отвара нови прашања, констатира весникот: Ако првиот пат беше физичка реакција на обична дехидратација, зошто тогаш помислата на тој момент кај Меркел води до нејзино повторување? „Билд“ одговорот го бара во долгорочниот стpeс. Катacтpофалните европски и локални избори ја ставија под знак прашање иднината на „големата коалиција“, а анкетите исто така покажуваат и дека опаѓа поддршката за нејзината партија. 

Сепак, улога игра, ако не и најголема, и работниот распоред. За да стигне до Осака, Меркел помина 8.800 километри, 11-часовен лет и 7-часовна разлика во временските зони. Кратко пред слетувањето во Осака, авионот имал и тешка турбуленција при која кафето се истурило од чашите. Над градот, пак, надвиснале темни дождовни облаци, пишува „Билд“. Потоа конвојот се движи со полна брзина по затворените магистрали. Во Германија е точно полноќ, а во Осака е 7 часот наутро по локално време. 

Слично

Поврзани вести