Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Мароко одбива помош од ОН, Алжир и Франција?

Зошто Мароко одбива помош од ОН, Алжир и Франција?

Мароко и покрај големата трагедија по земјотресот во кој загинаа над 2.900 луѓе одбива хуманитарна помош од ОН, Франција и Алжир.

Рабат досега прифаќаше помош од Шпанија, Обединетото Кралство, Катар и Обединетите Арапски Емирати, но ја отфрли онаа на Обединетите нации, соседен Алжир, со која кралството ги прекина дипломатските односи, и Франција, со која веќе неколку месеци односите се заладени. Мароканската влада објави дека досега прифаќала помош од „пријателските земји“ по „темелна проценка на потребите и со свесност дека некоординираната помош би била контрапродуктивна“. ОН не добиле официјално барање за помош од мароканската влада, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на генералниот секретар Стефан Дужарик.

„Суверена одлука на секоја земја е да одлучи како да продолжи со помошта во зависност од сопствениот капацитет“, рече Дужарик.

Алжирското Министерство за надворешни работи вчера објави дека Мароко ја одбилo нивната понуда за хуманитарна помош.

Во петокот, земјотрес од 6.8 степени го стресе Маракеш. 

foto EPA-EFE/YOAN VALAT

Слично

Поврзани вести