Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Макрон за себе вели дека не е суперхерој?

Зошто Макрон за себе вели дека не е суперхерој?

Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека една година по неговиот избор за претседател,  Франција е сменета и се започнати многу реформи.

Макрон не сака да ги преувеличува сопствените заслуги, но вели дека сака да остане оптимист што се однесува до Европа.

Тој нагласи дека не е разочаран бидејќи на Германија ѝ е потребно толку многу време за да одговори на неговите бројни предлози за реформите во ЕУ. „Германија ќе формулира одговори на нашите предлози и јас од тоа многу очекувам. Се надевам дека канцеларката и нејзината влада ќе бидат на висина на задачата и заеднички ќе работиме на создавање силна, суверена и единствена Европа“, рече Макрон.

Тој вели дека не инсистира на именување еден, единствен европски министер за финансии, но смета дека таа задача мора да се направи. 

Слично

Поврзани вести