Зошто луксузните брендови со нетрпение ја чекаат кинеската Нова Година?
Каква врска има кинеската нова година со продажбата на луксузни стоки во САД? Неочекувано многу, пишува во својот коментар за CNBC, аналитичарот Роберт Френк.
Оваа недела толпи кинески туристи ќе се упатат кон странство, за да го одбележат празникот. А мнозина од нив ќе потрошат многу пари за луксузни стоки, посочува Франк, повикувајќи се на проценките на консултантската компанија „Bain & Co“.
Според консултантите, кинеските корисници прават 60% од набавките на луксузни стоки во странство. Влијанието на трошоците на кинеските корисници на светските пазари ги претвора во главен фактор за пазарот на луксузни стоки. Дури 25% од набавките на луксузни стоки во светот во моментов се вршат од Кинези.
Минатата година богатите Кинези потрошиле околу 7,2 милијарди долари за луксузни стоки во странство за време на новогодишните празници, покажуваат податоците на Светската асоцијација на луксузните брендови, што претставува раст од 29% во однос на 2011 година.
Кинеските туристички групи планираат да се заминат на шопинг по њујоршката улици со продавници за луксузни стоки. Во продавниците на Медисон авенија и Петтата авенија во Њујорк се изложени теми и мотиви, поврзани со змијата, чија година настапува сега според лунарниот календар, кои треба да го одбележат настанот и да привлечат купувачи.
Слично
