Зошто Лукашенко му се извини на Зеленски?
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на претседателот Володимир Зеленски за неговите претходни остри изјави, според интервју за Ал Арабија.
Лукашенко се правдаше дека неговите коментари се одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и знае каде се тие.
„Ако Володимир Олександрович бил навреден од овие зборови, му се извинувам“, рече Лукашенко, додавајќи дека можеби зборувал премногу остро.
Тој рече дека Зеленски треба повнимателно да ги избира своите изјави и да избегнува провоцирање на Белорусија.
„Не треба да се очекува никаква воена акција од Белорусија, а особено од мене“, рече Лукашенко, според „Киев индепендент“.
Овие изјави дојдоа откако Роберт Бровди-Маѓар, командант на украинските сили за беспилотни системи, рече дека украинските сили идентификувале 500 потенцијални цели во Белорусија и го предупреди Лукашенко да не се вклучува во војната.
Потоа Лукашенко одговори со закана дека ќе погоди, како што рече, „многу сериозна“ цел во Украина доколку Белорусија биде загрозена.
Украина и Молдавија вчера ги почнаа преговорите со ЕУ. Кога почна руската инвазија на Украина, Русија изврши напад од белоруска територија.
foto printskrin youtube
