Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто логото на Фејсбук е во сина боја?

Зошто логото на Фејсбук е во сина боја?
Речиси секој човек на светот денес го препознава логото на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук, кое е во впечатлива сина боја, но дури неодамна беше откриено зошто токму оваа боја била избрана за заштитна боја на Фејсбук од неговиот основач. Причината лежи во фактот што основачот на Фејсбук Марк Цукерберг е далтонист за црвено-зелените нијанси, пишува „Њујоркер“. Тоа значи дека Цукерберг најдобро ја перципира сината боја, а еднаш и самиот изјавил: „Сината боја е најбогата за мене, ги гледам сите нијанси на сино“. Интересно е дека постојат научни истражувања според кои боите потсвесно влијаат на нашите одлуки, а 90% од проценките при избор на одреден производ се засновани токму на боите. Понекогаш сао врз основа на форма и боја можете да откриете кој бренд или компанија се крие зад одреден производ. Токму затоа големите корпорации, како што е и Фејсбук, ставаат специфични бои на своето лого, имајќи предвид дека секоја боја претставува одредена емотивна состојба во човечкиот мозок. Така, жолтата боја претставува оптимизам и топлина, црвената - возбуденост и младост, портокаловата - пријателство и самодоверба, виолетовата - креативност и мудрост, зелената - мир и здравје, додека сивата предизвикува чувство на смиреност. The Logo Company дошла до интересни резултати на прашањето која боја и одговара на одредена компанија и зошто. Во еден дел различни бои се преклопуваат во исти или слични бизнис пораки, но во друг дел пренесуваат сосема специфични симболи: ЦРНА БОЈА - најдобра за градежни компании, нафтени компании, финансиски, модни, козметички, компании од областа на маркетингот. Означува: кредибилитет, сила, прецизност, професионалност, точност. ЗЕЛЕНА БОЈА - ја користат медицински компании, научни организации, владини организации, еколошки и туристички компании. Симболизира: природност, младост, образование, авантуризам, екологија, смиреност, природа... СИНА БОЈА - најдобра за медицински, научни, информатичко-технолошки, правни и стоматолошки компании. Асоцира на: кредибилитет, чистост, фокусираност, професионалност, правда и сила.
Слично

Поврзани вести