Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗОШТО ЛЕ ПЕН ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ: Блиските ја критикуваа за ова

ЗОШТО ЛЕ ПЕН ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ: Блиските ја критикуваа за ова

Марион Марешал Ле Пен, внука на кандидатката за претседател, Марин Ле Пен од Националниот фронт која ги изгуби изборите смета дека Ле Пен доцна ја омекна позицијата за еврото и тоа гласачите не го разбраа најдобро. 

Напуштањето на еврозоната беше она за што се залага Ле Пен, но гласачите се против една ваква мерка. 

Ле Пен при крајот на кампањата говореше дека напуштањето на еврозоната може да се одложи и не е приоритет, но франкот ќе се користи во Франција. 

„Јасно е дека постојат лекции кои треба да се научат. Марин Ле Пен беше во право, иако доцна  кога зборуваше дека напуштањето на еврото не е во европските планови и дека за тоа треба да се одржи референдум. Не успеавме овие избори да се сфатат како за или против Франција, референдум за или против имиграција. За или против ЕУ каква ја знаеме“ - вели оваа 28 годишна девојка. 

Таткото на Марин Ле Пен, Жан Мари Ле Пен рече дека е разочаран од поразот и дека ќерка му загуби поради своите ставови за ЕУ. 

Слично

Поврзани вести